December 1, 2022 18:00
Свет

Даспот: Макрон не исклучува распуштање на Националното собрание

По работната вечера во Елисејската палата посветена на пензиските реформи францускиот министер за труд Оливие Даспот, изјкави дека претседателот  Емануел Макрон не ја исклучува опцијата за распуштање на Националното собрание во случај на блокада на неговото работење поради пензиската реформа, јави дописникот на МИА.

Според Деспот, шефот на француската држава одлучил да си даде време за „консултации” без да се откаже од својата цел за усвојување на законот до летото 2023 година.

Макрон не располага со апсолутно мнозинство во Собранието и за сите закони владата мора да бара сојузници во опозицијата.

Францускиот претседател има право да го распушти собранието и да свика нови парламентарни избори.