December 5, 2022 09:26
Спорт

Данците со политичка порака на дресовите на СП во Катар

Производителот на спортска опрема „Хумел” (Hummel) објави дека на дресот, кој данската фудбалска репрезентација ќе го носи на Мундијалот во Катар, покрај посвета на освојувањето на европската титула од 1992 година, ќе има и порака поврзана со кршењето на човековите права во земјата домаќин.

-Формата и бојата на дресовите не се инспирирани само од Европското првенство 1992 и најголемиот успех на данскиот фудбал во историјата. Тие, исто така, се и протест против Катар и рамнотежата на човековите права во таа држава , објави компанијата.

Со својот дизајн на данските дресови во црвена, бела и црна боја, производителот „Хумел” сака да го сврти вниманието кон арапскиот домаќин на Мундијалот и особено на условите за работа на илјадници странски државјани, кои беа клучни во подготовката на инфраструктурните објекти за потребите на турнирот

„Не сакаме да бидеме видливи за време на турнирот поради кој илјадници луѓе ги загубија животите во текот на подготовките, објави „Хумел”.