July 23, 2021 21:47
Спорт

Данска и Белгија ќе играат за бодови и за Ериксен

Топката на денешниот натпревар во рамки на ЕУРО2020 меѓу Данска и Белгија за момент ќе запре во 10-та минута кога играчите на двете репрезентации заеднички ќе му изразат поддршка на данскиот фудбалски репрезентативец Кристијан Ериксен.

Како што е најавено, белгиските фудбалери во 10-та минута, симболично како и бројот на дресот што го носи Ериксен, ќе ја исфрлат топката во аут, додека навивачите на „Паркен” стадионот во Копенхаген со бурни овации ќе му посакаат брзо закрепнување на данскиот репрезентативец.

Ериксен во саботата колабираше на теренот за време на натпреварот од првото коло во групата Б меѓу Данска и Финска, откако од се уште непознати причини, доживеа срцев удар и по брза интервенција на лекарите беше реанимиран и пренесен во болница во Копенхаген.

Неговата здравствена состојба е стабилна, а лекарите вршат детални испитувања за да ги откријат причините поради кои срцето на 29-годишниот фудбалер за миг престана да чука.

AnimeBee Watch anime online, English anime online HD. Kujira no Kora wa Sajou ni Manabu! Episode 2 - Raw

ANIMEFLIX Watch anime online, English anime online HD. Higurashi: When They Cry – Gou Episode 24

Watch anime online for free at GoGoAnime gogoanime tower of god. Watch Soukihei MD Geist (Dub) Episode Full

KissAnime About: https://about.me/kissanimemx