Балкан

Даниел Митов ќе биде предлогот на ГЕРБ за нов премиер на Бугарија

ГЕРБ ќе го предложат Даниел Митов за нов премиер, потврдиле партиски извори за софиски „24 часа“. Претходно лидерот на победничката партија ГЕРБ, Бојко Борисов изјави дека тој нема да биде кандидат за премиер и оти ќе предложат човек со јасна проевропска и про-НАТО-вска ориентација.

Токму Митов, кој во Министерството за надворешни работи влезе како човек на Реформаторскиот блок, како министер поддржуваше таква ориентација.

Даниел Митов на 6 август 2014 година беше предложен од тогашниот претседател Росен Плевнелиев за министер за надворешни работи во техничката влада на Георги Близнашки. Својата позиција како заменик министер ја задржа и во вториот кабинет на Борисов, а притоа му се приклучи на ГЕРБ и стана пратеник од неговите редови на последните парламентарни избори.

AnimeTV 3 animetv to: Watch Umibe no Étranger Episode Full (https://animetv.cc/m/aEZ1/ep-1)

WCOStream free anime: Watch Boruto: Naruto Next Generations (Dub) Episode 29