October 16, 2021 18:13
Магазин

Даниел Крејг откри зошто сака да излегува во геј барови

За време на промоцијата на неговиот нов и последен Џејмс Бонд филм „No Time To Die“ во подкастот „Lunch With Bruce“ на Брус Боци, Даниел Крејг отворено раскажуваше за неговите излегувања и зошто преферира да посетува геј наместо стрејт барови додека приготвуваше мартини.

-„Излегувам во геј барови уште откако знам за себе. Една од причините е затоа што не влегувам во тепачки во геј барови толку често… заради агресивното мавтање со „машкоста“ во хетеро барови, многу ми се смачи од тоа“, раскажа Крејг.

Даниел раскажа како кога бил дете не сакал да влегува во расправии и тепачки, но токму тоа му се случувало, и тоа доста често. Затоа одлучил да оди токму во геј барови, бидејќи како што вели таму „сите се опуштени, сите“.

Даниел, кој е во брак со Рејчел Веис од 2011 година, продолжи објаснувајќи дека не се работи за типот на сексуалноста, и пред да се ожени токму во геј барови можел полесно да фати девојка.

-„Не беше потребно да се декларира твојата сексуалност. Беше океј. И беше многу безбедно место каде да се биде. И можев да среќавам девојки таму, бидејќи има многу девојки таму, токму од истата причина. Тоа беше… дополнителен мотив“, призна Крејг.

Во 2010 година се појавија гласини дека Даниел се бакнувал со маж додека бил излезен во геј бар во Калифорнија – се испостави дека човекот со кој бил излезен бил токму Боци.

-„Одлично си поминувавме, бендот свиреше, и тогаш некој ме праша дали сум јас твојот менаџер, и јас му се развикав „Како мислиш негов менаџер?!““, раскажа Боци.

Крејг се надоврза дека иронијата во целата ситуација била како да се фатени на дело, иако тие не правеле ништо погрешно – разговарале за животот на 007 ѕвездата во тој период на „Casino Royale“ и како му се менувал животот додека тој растеше како ѕвезда.

 

 

Animepahe: Digimon Frontier: Island of Lost Digimon anime episode Full online free at https://animepahe.cc dubbed anime

AnimeKisa: Kakurenbo: Hide and Seek anime episode Full online free at https://animekisa.in anime websites

Watch "Parade" de Satie Episode Full

Website https://twistmoe.net: Watch Nekogami Yaoyorozu Specials twistmoe Episode 7 animes online

Eiyuu Gaiden Mozaicka Episode 4