Магазин

Дали ќе ни помогне сонцето во борбата против коронавирусот?

Топлите денови пристигнуваат, а температурата, како што е најавата, ќе надмине 20 степени целзиусови. Убавото време исто така ќе ни овозможи да се стекнеме со нови сознанија за коронавирусот, за тоа како реагира на пристигнувањето на пролетта.

Епидемијата на грип обично почнува да опаѓа кон крајот на зимата. Поради тоа е многу легитимно прашањето: Дали и како ќе влијаат сончевите зраци на ширењето на коронавирусот.

Студиите на други видови на коронавирус, од кои некои предизвикуваат вообичаена прелада, навистина укажуваат на нивното сезонско однесување, со достигнување на врвот за време на зимата и исчезнување за време на пролетта.
Истовремено, само мал број на коронавируси може да се пренесат во текот на летото.

Една британска студија на научници од Универзитетскиот колеџ во Лондон, го анализирала коронавирусите HCoV-NL63, HCoV-OC43 и HCoV-229E.Утврдено е дека степенот на инфекцијата на тие видови на коронавирус е највисок во февруари, додека летниот степен на инфекција е многу мал.

И други студии исто така го покажале се сезонското однесување на коронавирусот во умерени климатски услови.

Првиот човек на студијата, Роб Алдриџ, сепак повикува на внимателност.

„Навистина би можеле да искусиме помало ниво на зараза на коронавирусот за време на летото, но може да се врати повторно овој пат ако сè уште има голем дел од популацијата што е ранлива “, истакнува Алдриџ.

Според него, фактот дека станува збор за нов вирус значи дека сè уште не го знаеме неговото точно сезонско однесување и дали ќе се покаже како што е и кај другите видови коронавируси, со оглед на сегашната голема подложност на населението.