August 8, 2022 19:38
Македонија

Дали причината за молкот на Владата за францускиот предлог е поради фактот што тие веќе го имаат прифатено?! Ајде на избори народот да одлучи

Интегрален текст од прес конференција на Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Според нашите информации предлогот од Париз е одобрен од каналите за комуникација помеѓу Македонското МНР и Француската Република. Владата на Македонија се согласила со последниот катастрофален предлог за Македонија. Дали причината за молкот на Владата за овој предлог е поради фактот што тие веќе го имаат прифатено? Јавно нека кажат кој е нивниот став.

Дали се свесни дека доколку го имаат прифатено предлогот кој ги содржи сите бугарски барања, прават ново национално предаство. Јавно нека каже, дали Ковачевски се согласил со бугаризација на Македонија?

Предлогот кој ги вклучува сите Бугарски барања во рамката за преговори за влез во ЕУ е со амин на македонските власти. Со предлогот се условува влез на Македонија во ЕУ со бугаризација која ќе се спроведува етапно, а сето тоа ќе биде надгледувано од Комисија. Предлогот не е решение на проблемот, тој ќе создаде мноштво други проблеми кои имаат за цел да ги асимилираат Македонците. Предлогот не е воопшто европски и не се потпира на вредностите за хуманост, соработка и рамноправност.

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потенцира дека го отфрла овој предлог и нема да поддржи никакво решение кое е на штета на Македонските интереси.

Ајде на избори, па народот да одлучи за францускиот предлог и за тоа како понатаму со државата.