February 3, 2023 14:00
Скопје

Дали и Муцунски како и неговите сопартијци е фатен со рацете во мед при обезбедување на тендер за храна во училиштата во Аеродром

По нашите јавни обвинувања дека учениците во училиштата на Општина Аеродром останаа без топол оброк и ужинка, градоначалникот Муцунски и директорите на училиштата кои тој ги именуваше, во паника да изнајдат поскоро решение на проблемот, дали можеби се заплеткаа во можни сомнителни тендерски постапки?
Имаме неколку прашања кои бараат одговор околу склучените договори за набавка на храна.
Очигледна е недоволната транспарентност во потпишувањето на договорите и спроведувањето на тендерските постапки, односно можните договори во четири очи.
Во име на транспарентноста ги повикуваме директорите на училиштата во Општина Аеродром и градоначалникот Муцунски да ги објават потпишаните договори и спроведените тендери за набавка на топол оброк и ужина во основните училишта.
Муцунски има обврска да одговори, дали постапката е водена според сите регуларности и пропишани законски обвски?  Според кои цени и согласно која јавна постапка, родотелите ја плаќаат месечната сума за храна? Тоа треба да одговорат Муцунски и директорите кои тој ги именуваше!
Дали и тука некој е фатен со рацете во медот? Јавноста очекува одговори на поставените прашања и отворените сомнежи?