September 18, 2020 11:58
Спорт

Даер: Ние сме доволно самокритични и ќе реагираме соодветно

Играчот за врска на англискиот фудбалски премиерлигаш Тотенхем, Ерик Дајер, увери дека играчите од Лондон се доволно самокритични во однос на нивниот настап на мечот со Евертон и ќе се обидат да реагираат соодветно на претстојните натпревари.

Прво од нив е утрешното гостување кај Локомотив (Пловдив) од второто квалификациско коло во Лигата на Европа.

– Од гледна точка на навивачите, многу е возбудливо што тимот се поврзува со играч од нивото на Герет Бејл. Сепак, ова не влијае на мене лично. Ние сме доволно самокритични што ретко кој ќе не критикува повеќе за загубата од Евертон отколку за нас самите. Распоредот е зафатен и мора брзо да го оставиме овој натпревар зад нас и да реагираме на следните. Со новите засилувања, соблекувалната изгледа многу поразлично од минатата сезона. Мислам дека имаме фантастична постава, но со натпревари во недела, вторник, четврток и повторно во недела програмата е многу згусната и мислам дека не покажува никаква грижа за благосостојбата на играчите, прокоментира Дајер на прес-конференцијата пред утрешниот натпревар со „штрумфовите”.