March 7, 2021 09:52
Свет

Гутереш ја поздрави одлуката за враќање на САД во Парискиот климатски договор

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш ја поздрави одлуката на американскиот претседател Џо Бајден да ги врати САД во Парискиот климатски договор, јави ДПА.

„Од минатогодишниот самит за климата, државите што произведуваат половина од загадувањето во светот се обврзаа на јаглеродна неутралност”, наведе Гутереш.

„Со денешното ангажирање на претседателот Бајден, тоа се вкупно две третини”, додаде тој. Одлуката на Бајден ја поздравија и од ЕУ.

Американскиот претседател Џо Бајден потпиша 15 претседателски укази и две наредби до федералните агенции.

Според Си-Ен-Ен, кои се повикуваат на официјален претставник на новата американска администрација, меѓу потпишаните укази се и оние со кои се поништува наредбата на Трамп за забрана за влез на граѓани на земји со мнозинско муслиманско население и декрет за запирање на изградбата на ѕидот по границата со Мексико

Бајден исто така потпиша указ за задолжително носење заштитни маски на федералните имоти, за гарантирање расна еднаквост и враќање на САД во Парискиот договор за климатски промени.

Watch Dr. Stone: Stone Wars Eve of the Battle Special Feature Episode Full (https://animeplanet.cc/m/W5ZY/ep-1) at AnimePlanet www anime planet com sign up

Watch DARLING in the FRANXX (Dub) Episode 9 at website https://crunchyrollfree.com crunchyroll 14 day free trial