August 13, 2022 18:17
Свет

Гутереш: За жал, океаните ги земаме здраво за готово

Светот мора да се мобилизира за да ги сочува загрозените океани и да избегне катастрофални последици по животната средина и човештвото, смета генералниот секретар на Обединетите Нации (ОН), Антонио Гутереш.

Тој се обрати денеска на отворањето на конференцијата за океани на ОН во Лисабон.

Гутереш истакна дека за жал, „океаните ги земаме здраво за готово”.

Кога станува збор за океаните, според него, моментално се соочуваме „со тоа што јас би го нарекол вонредна состојба”.

Конференцијата што собира илјадници политичари, експерти и активисти за заштита на животната средина, ќе трае до 1 јули.