October 26, 2021 13:08
Спорт

Гурбиндо потпишува со Динамо Букурешт, Вардар ќе добие 50 илјади евра оштета

Шпанецот беше најавен како големо засилување, но играше само против Загреб во двомечот во СЕХА лигата и си замина во Динамо Букурешт.

Шпанскиот репрезентативец Едуардо Гурбиндо е ракометарот што веројатно најкусо беше член на Вардар во богата историја на двојниот европски првак и по само два одиграни натпревари си замина.

Десниот бек на Црвената фурија го одигра само двомечот со Загреб во четвртфиналето во СЕХА лигата и се пишмани и си замина во Динамо Букурешт.

Вардар доби 50 илјади евра како отштета за заминувањето на Гурбиндо во романскиот тим, а и разделбата не беше најдобра. Гурбиндо се пожали дека му било ветено нешто што Вардар не можел да го исполни, па експресно си замина во клуб со многу помало педигре во светот на ракометот.

Во Вардар дојде од француски Нант, каде му беше соиграч на Кирил Лазаров, но во Вардар за многу кусиот период на престој не го потврди реномето.

Гурбиндо има одиграно 121 меч за шпанската репрезентација со која беше европски првак во 2018 година, а има и сребро и бронза. Во Токио летово на Олимписките игри се закити со бронза, а истиот медал го има освоено и на Мундијалот во Шведска пред 10 години.

Website https://twistmoe.net: Watch Imagination Practice twistmoe Episode Full kissanime

Animepahe: Letter Bee Reverse Specials anime episode 25 online free at https://animepahe.cc watch anime

High School DxD BorN: Yomigaeranai Fushichou (https://animebee.to/m/rj7j) Episode Full

Website https://wcostream.cc: Watch Sasami Magical Girls Club wcostream Episode 13 watch anime

Sonongnghiep hochiminhcity: http://www.sonongnghiep.hochiminhcity.gov.vn/Lists/GopyDB/DispForm.aspx?ID=5175

Blip: https://blip.fm/animefreakws