June 26, 2022 02:00
Свет

Гугл договори плаќање на содржини од 300 медиуми во ЕУ

„Гугл” соопшти дека постигнал договор со повеќе од 300 медиуми во шест земји од ЕУ за плаќање на нивната содржина, најавувајќи понуди за медиуми и во други земји-членки на ЕУ.

Издавачите се меѓу најжестоките критичари на Гугл и долго време ги повикуваат владите да го регулираат плаќањето на надомести за медиумска содржина објавена на дигитални платформи. Австралија минатата година го регулира плаќањето, а сличен закон стапи во сила и во Канада во април.

Директорката за медиуми на Гугл, Сулина Конал, вчера објави на блог дека се согласиле да плаќаат за содржината со околу 300 медиумски компании во ЕУ.

– Договорите што ги постигнавме досега опфаќаат повеќе од 300 национални, локални и специјализирани изданија на весници во Германија, Унгарија, Франција, Австрија, Холандија и Ирска, а се водат и многу дискусии, напиша таа.

Конал не наведе колку им се плаќа на медиумите, а деталите треба да бидат објавени во текот на денот.

ЕУ пред три години усвои директива за авторски права, со која се бара од онлајн платформите да плаќаат надомести на музичарите, изведувачите, авторите, издавачите на вести и новинарите за објавување на нивните содржини.

dang nhap go88

sunwin ông đồ sunwin net sunwin healthcare pvt ltd