August 5, 2021 03:33
Економија

„Гугл“ доби казна од 220 милиони евра

Француското национално регулаторно тело за заштита на конкуренцијата му изрече казна од 220 милиони евра на технолошкиот гигант „Гугл“.

„ Регулаторното тело за конкуренција воведува санкции за ‘Гугл’ од 220 милиони евра за промовирање на своите услуги во секторот за рекламирање преку интернет“, беше денеска објавено.

Надзорниот орган за заштита на конкуренцијата додаде дека покрај казната, има и обврски преземени од компанијата „Алфабет“, чија сопственост е „Гугл“, ветувајќи дека ќе им олесни на конкурентите да ги користат нејзините алатки за рекламирање преку интернет, пренесува „Спутник“.

„ Одлуката за казнување на ‘Гугл’ е особено важна бидејќи таа е прва во светот што се занимава со сложени алгоритамски процеси што се користат за рекламирање преку интернет“, изјави Изабел де Силва, која е на чело на француското регулаторно тело.

Обврските на американската компанија, кои треба да важат три години, се дел од договорот постигнат со француското регулаторно тело.

Watch anime online for free at AnimeFreak animefreaks official website. Satellite Girl and Milk Cow (Dub) Episode Full

4Anime - Watch English Anime Online For Free in HD | 4Anime.biz. Watch Detective Conan Movie 18: The Sniper from Another Dimension Episode Full

GoGoAnime Watch english anime Online in HD for FREE. Watch Xing Chen Bian Episode 12