Search

Грчки пратеник се обрати на македонски во Грчкото Собрание (ВИДЕО)

Грчки пратеник се обрати на македонски во Грчкото Собрание 

Јорго Урсузидис, пратеник на владејачката Сириза, на денешната собраниска дебата на која се расправаше за недоверба на Владата на премиерот Алексис Ципрас, во својот говор се обратил и на македонски јазик, објавија грчките медиуми.

– Драги пријатели од Република Северна Македонија, како што се договоривме, време е да го оставиме назад тоа што не разделува и да гледаме напред со тоа што е заедничко, со соработка и со љубов – рекол Урсузидис со изразен дијалект кој, според некои од медиумите, потсетувал и на бугарскиот јазик.

Неговото обраќање на македонски јазик било поздравено со аплауз од неговите сопартијци.

Треба да знаете
Последни објави