October 26, 2021 00:12
Македонија

Грчките медиуми: Заев има причина да триумфира, зачуван македонскиот идентитет

Грчките медиуми: Заев има причина да триумфира, зачуван македонскиот идентитет

Заштитата на македонските идентитетски прашања предизвикаа нервоза кај грчката опозиција, а дел од медиумите нотираат дека во оваа клучна сфера „Скопје извојувало победа“, пишува Дојче веле.

Токму заштитата на македонските идентитетски прашања создадоа нервоза кај грчката опозиција, а дел од медиумите нотираат дека во оваа клучна сфера „Скопје извојувало победа“.

„Грција ја признава Северна Македонија и нејзините граѓани како „Македонци“, со што во суштина ја прифати националната идеологија на Скопје, со посочениот иредентизам“, пишува „Прототема“.

Според весникот, иако грчката влада се обидела да ги намали и елиминира иредентистичките елементи, „реалноста е дека наместо да ги елиминира, таа ги легитимира“.

„Зоран Заев има причина да триумфира. Тој на крајот можел да прифати ерга омнес, но со право може да се гордее што обезбедил признавање на „македонскиот“ идентитет. Реалноста е дека од почетокот на преговорите, Скопје се карактеризираше со црвена линија која не требаше да дозволи допирање до ‘македонскиот’ идентитет. Резултатот покажа дека ja испочитуваа оваа црвена линија, и покрај фактот дека нивната интеграција во НАТО и отворање на пристапните преговори со ЕУ зависи од зелено светло од Атина. Со други зборови, додека Алексис Ципрас и Никос Коѕијас ја имаа преговарачката предност, победниците се Зоран Заев и Никола Димитров“, пишува „Прототема.

Во текстот се додава дека причината за ова е што грчката страна од почетокот ја нагласувала промената на државното име, со занемарување на идентитетските прашања.

„Ѕвездите со појаснувањата во договорот за „македонски“ јазик и другите не ја негираат суштината, што значи признавање на ‘македонскиот’ идентитет. Со овој звучен аргумент, Заев ја повика опозицијата да го поддржи договорот“, заклучува весникот.

Watch anime online for free at AnimeKisa dubbed anime

TwistMoe: Magical Girl Lyrical Nanoha A's (Dub) anime episode 13 online free at https://twistmoe.net anime twist

AniWatch: Jujutsu Kaisen 0 Movie anime episode Preview online free at https://aniwatch.pro animes online

AnimeFreak: Mobile Suit Gundam: The 08th MS Team anime episode 12 online free at https://animefreak.ws animefreak attack on titan

Zeef: https://zeef.com/profile/anime.flix

Librarything: https://www.librarything.com/profile/gogoanimelol