January 20, 2021 13:14
Балкан

Грчкиот здравствен систем под голем притисок, само осум приватни лекари се понудиле да помогнат

Само осум приватни лекари, одговориле позитивно на повикот од Министерството за здравство на Грција да помогнат во битката со пандемијата, во моменти кога здравствениот систем во земјата е под голем притисок, откри денеска портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на редовниот брифинг со новинарите.

-Упативме апел до приватните лекари да помогнат, за жал, одговорот, до денеска, не е очекуваниот. Само осум  доктори одговорија на повикот на министерот за здравство. Тоа е разочарувачка бројка и ги повикуваме, за последен пат, приватните лекари да ги слушнат не само повиците на Министерството на здравство, туку и на општеството, да му помогнат на националниот здравствен систем за справување со пандемијата на најефикасен начин. Тука сме да соработуваме за да се справиме со заедничкиот непријател, истакна Пецас.

Објасни дека поради новозаразените од претходните седмици, здравствениот систем во Грција е под голем притисок што најавува„ уште една критична и тешка седмица за земјата”.

Додаде дека очекувањата се во следните денови да биде голем бројот како на починати, така и на пациенти приклучени на апарати.

-Во војна и правиме сè што можеме за да го одржиме националниот здравствен систем, истакна Пецас и објасни дека во Солун за еден месец е зголемен бројот на ковид-кревети на интензивна нега од 34 на над 200, како и обични кревети за коронавирусот од 490 на над 1.500.

Согласно последните податоци, како што објасни портпаролот на грчката Влада, од почетокот на месецов, вирусот од групата на возраст од 20-30 години, се пренел на постарите и тоа најчесто во круговите на семејството.

Истакна дека и за божиќните празници, ќе биде потребно прилагодување на новите околности.

-Цела 2020 година е поинаква. Треба да се прилагодиме на војната против пандемијата. Според тоа, треба да правиме сè што ни кажуваат експертите, да внимаваме и да се придружуваме до мерките, да избегнуваме собири, да внимаваме со индивидуалните мерки на хигиена, да носиме маска, да одржуваме растојание, кога е изводливо, истакна Пецас.

Watch Dr. Stone Episode 23 at website https://crunchyrollfree.com crunchyroll 30 days free trial

One Punch Man 2nd Season (https://gogoanime.be/m/erlg) Episode 12 at GoGoAnime gogoanime1