April 22, 2019 04:36
Македонија

Грчкиот заменик-министер за надворешни работи Куик во посета на Скопје

Заменик-министерот за надворешни работи на Грција задолжен за грчката дијаспора Теренс Николаос Куик денеска и утре престојува во работна посета на Република Северна Македонија, во рамки на која е предвидено да се сретне со министерот за надворешни работи Никола Димитров.

На средбата со Димитров, како што информираат од МНР, предвидено е да бидат разменети мислења за развојот на односите и соработката меѓу двете земји по потпишувањето на Договорот од Преспа и последната посета на премиерот на Грција Алексис Ципрас, на нашата држава.

Во рамките на посетата предвидено е заменик-министерот Куик да биде примен и од премиерот Зоран Заев, а треба да оствари средби и со министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми, како и со заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски, информираат од МНР.

Нови вести

Пендаровски победник во првиот круг, освои 4.500 гласа повеќе од Силјановска

Igor

Како другите медиуми известуваа за македонските избори

24news

Мицкоски: Ја победивме хотел коалицијата

Igor