October 22, 2021 09:36
Балкан

Грчката полиција нема да ги апси просветните работници по тужби од родители кои не веруваат во Ковид-19

Министерот за цивилна заштита на Грција Такис Теодорикакос побара од началникот на грчката полиција Михалис Карамалакис, полицијата да не ги апси просветните работници кои го применуваат законот за заштита од Ковид-19, по тужби од родителите кои или се антиваксери или не веруваат во коронавирусот. Одлуката доаѓа по најмалку пет случаи во различни делови на Грција, каде што родители не ги почитуваат актуелните мерки за работата на училиштата, па нивните деца ги испраќаат на училиште или без маска или без потврда од задолжителното тестирање, а потоа, откако учениците нема да бидат примени на настава, ги тужат наставниците или директорите.

Последниот случај е од Солун, каде што татко на ученик предизвикал инцидент во училиштето, бидејќи синот не го примиле без потврда за селф тест, а иако бил одведен во полициска станица заедно со директорката и наставниците и бил покренат случај за нарушување на јавниот мир и ќе му се суди, сега ја тужи директорката, барајќи 2,7 милиони евра.

Од Министерството за цивилна заштита соопштуваат дека доколку постојат тужби против професорите, наставниците, директорите и слично, треба да се следи соодветната процедура, но без просветните работници да треба да бидат одведени во полициска станица и додаваат дека „целта на сите треба да биде обезбедување на правилно функционирање на училиштата и заштита на неопходната образовна клима што мора да постои во училиштата”.

Website https://animekisa.in: Watch Bubblegum Crash animekisa Episode 3 anime

Website https://animepahe.cc: Watch Gad Guard (Dub) animepahe Episode 26 anime websites

Website https://animeflv.uk: Watch Utawarerumono: The False Faces animeflv Episode 25 watch anime

Website https://animedao.nl: Watch Genshiken 2: Menma Special (Dub) animedao Episode Full animedao mobile

Ulule: https://www.ulule.com/gogoanimelol/#/

Helpforenglish: https://www.helpforenglish.cz/profile/207287-kissanimemx