January 20, 2022 04:54
Балкан

Грчката влада позитивно оценета од граѓаните

Позитивно или веројатно позитивно ги оценуваат првите активности на грчката влада 71,4 отсто од анкетираните Грци во истражувањето спроведено од агенцијата Marc за весникот „Прото тема”, независно од тоа за кого гласале на изборите. Анкетата покажа и дека 79,4 отсто веруваат дека премиерот Кирјакос Мицотакис ќе ги спроведе сите/ повќето/некои од предизборните ветувања, jави дописничката на МИА од Атина.

-Забележително е што владата со нејзините први чекори добива позитивно мислење и од гласачите на другите партии. Поконкретно, 41,4 отсто од оние кои гласале за СИРИЗА, 85,3 проценти од оние кои биле за Движење на промена, 42,1 отсто од поддржувачите на Комунистичката партија, 84,4 проценти од гласачите на Грчко решение и 42,9 отсто од МЕРА25 ги поздравува активностите на владата, пишува „Прото тема” во анализата на резултатите.

Истражувањето на јавното мислење кое завршило непосредно пред обраќањето на грчкиот премиер на Меѓународниот саем во Солун, покажува позитивна слика на Грците за новата влада, со 55,1 процент од испитаниците да го одбира Мицотакис за посоодветен за премиер, наспроти Алексис Ципрас кој добива 30,5 отсто.

Според резултатите, 48,8 отсто сметаат дека работите во земјата во следните месеци ќе одат кон подобро, а 47,8 отсто од анкетираните рекле дека владата започнала онака како што и очекувале пред изборите, а 42,1 процент одговориле дека ги надминала нивните очекувања.

На прашањето „ако следната недела се одржат избори, за која партија е веројатно дека би гласале?”, 41,8 отсто од анкетираните ја одбира Нова демократија, 25,7 СИРИЗА, 6,7 отсто Движење на промена, 5,3 проценти Комунистичката партија, а по 3 отсто добиваат Грчко решение и МЕРА25. 

Aniwatch - Free Anime Streaming Online - Aniwatch Official. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

WONDER EGG PRIORITY

watch anime free JoJo's Bizarre Adventure: Golden Wind (Dub)

AniWatch My Hero Academia (Dub)

One Piece Episode 993

watch anime online Tokyo Revengers