February 27, 2021 22:26
Балкан

Грција очекува дополнително зајакнување на грчко-американските односи со новата администрација на САД

Грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и министерот за надворешни работи Никос Дендиас преку нивните официјални твитер-профили упатија честитки до новиот претседател на САД Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис и изразија надеж за дополнително зајакнување на пријателството и соработката меѓу двете земји и двата народа.

Портпаролот на грчката Влада Христос Тарандилис на денешниот редовен брифинг со новинарите рече дека се надеваат на соработка и интензивно присуство на САД во регионот и додаде дека Бајден е „претседател на САД кој одлично ги познава прашањата поврзани со регионот”.

– Владата му честита на новиот претседател на САД Џо Бајден и јасно е дека сака дополнително да ги продлабочи билатералните односи во корист на двете земји и на двата пријателски народа, како и да обезбеди мир и стабилност во нашиот регион, рече Тарандилис.

The Quintessential Quintuplets 2 (https://gogoanime.be/m/aY8v) Episode 3 at website https://gogoanime.be gogoanime mobile

Watch Attack on Titan: Crimson Bow and Arrow Episode Full at AnimeFreak animefreak chatango