February 22, 2020 07:35
Балкан

Грција идната недела ќе добие нов претседател

Грчката влада достави предлог до парламентот за избор на нов претседател на републиката, што ќе се одржи на 22 јануари, пренесува грчкиот весник „Катимерини“.

Пратениците ќе гласаат за кандидатката Катерина Сакеларополу, сегашна претседателка на Врховниот суд, изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

По ревизијата на членот 32 од грчкиот Устав, потребни се 200 гласови на пратениците во грчкиот парламент за избор на нов претседател.

Владејачката партија Нова демократија има 158 пратеници во грчкиот парламент и потребни ѝ се гласовите на пратениците од опозицијата за да ја изберат Сакеларополу за претседател на земјата.

Поранешниот премиер и лидер на опозициската Сириза, Алексис Ципрас, ја поддржа кандидатурата на Сакеларополу, со што е обезбедена поддршка на 244 пратеници, заедно со гласовите на пратениците од редовите на Сириза.