June 28, 2022 04:06
Балкан

Грција е втора земја во светот со најчисти плажи

Во 2022 година Грција е втората земја во светот по број на најчисти плажи. Прворангорана е Шпанија. Јужниот сосед доби престижната награда „Сино знаме“ за 581 плажа. Тоа значи дека ги исполнуваат строгите критериуми за чистота, безбедност и пристапност. Најмногу од плажите со „Сино знаме“ се наоѓаат на Халкидики.

Сино знаме (Blue Flag) e престижна награда која се доделува на плажи, марини и компании кои оперираат со туристички бродови. Кога се доделува наградата, се земаат предвид неколку критериуми, како чистотата, безбедноста и пристапноста.

Наградата ја доделува Фондацијата за еколошка едукација чија цел е да ја зголеми свеста за екологијата и важноста од тоа да ја зачуваме нашата планета.

Грција често котира високо на листата со наградени плажи, а годинава се најде дури на второто место.

Од 50 земји кои можат да се пофалат со плажа со „Сино знаме“, во Грција има вкупно 581 плажа кои ја добија наградата за 2022 година.

Покрај тоа, со „Сино знаме“ биле наградени 15 марини, како и 6 туристички бродови.

Според Greek Reporter, најмногу плажи со „Сино знаме“ има на Халкидики – дури 96.

На првото место годинава се наоѓа Шпанија, со 621 плажа со „Сино знаме“.

Како што спомнавме, „Сино знаме“ е програма чија цел е да се подигне свеста за заштитата на околината. Наградата се доделува од 1987 година за плажи и марини, а од 2017-та е воведена категоријата за туристички бродови.

https://tai.go88.is/

sunwin pc sunwin bản web sunwin renewable energy pvt ltd