June 21, 2021 17:57
Македонија

Грција го отвори Евзони во 13 часот, ова се условите за влез

Денеска (14.05.2021 – петок), од страна на грчките гранични служби МВР добило известување дека  од 13 часот е дозволен е влез во Република Грција на граѓаните  од ЕУ, трети земји и граѓани од Република Северна Македонија преку  ГП ,,Евзони”. 

Според протоколот за влез, граѓаните од ЕУ, од трети земји и од Репубика Северна Македонија ќе може да оставарат влез во Република Грција преку ГП ,,Евзони”со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или Сертификат за примени две дози вакцини (14 денови поминати од втората доза вакцина), при што ќе бидат признаени сите сертификати за извршена вакцинација, додека за деца до 5 години не е потребен ПЦР тест.

Исто така, останува обврската за електронска пријава на сајтот www.travel.gov.gr (ден пред патување) за обезбедување на ПЛФ (Passenger Locator form) документ,

Оваа мерка ќе се применува до 24.05.2021 година (понеделник), при што  граѓаните ќе може да остварат влез во периодот од 07.00 до 23.00 часот (по грчко време), или од 06.00 до 22 часот (по наше време), a за излез од Грција нема ограничувања и ГП Евзони ќе работи 24 часа. Протоколот за товарниот сообраќај останува ист.

Од копнените граници кон Северна Македонија, отворен е само Евзони (Богородица).

Согласно министерската одлука, продолжена е забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, а исклучок има освен за Северна Македонија и за Австралија, Обединетите арапски емирати, САД, Велика Британија, Израел, Канада, Белорусија, Бахреин, Нов Зеланд, Јужна Кореа, Катар, Кина, Кувајт, Украина, Руанда, Русија, Саудиска Арабија, Србија, Сингапур и Тајланд.

За прекршување на мерките во конкретната министерска одлука предвидени се парични казни од 500 и 5.000 евра.

GoGoAnime i want to eat your pancreas gogoanime: Attack on Titan (Dub) (https://gogoanime.be/m/WZGd) Episode 25

AnimeDao sites like animedao: My Hero Academia 2 (Dub) Episode 25