August 8, 2022 17:53
Балкан

Грција во Брисел предложила 2033 година да биде краен рок за приклучување на Западен Балкан во ЕУ

Крајниот рок за завршување на пристапниот процес за земјите од Западен Балкан во Европската Унија да биде 2033 година, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во Брисел.

„Грција, како најголема економија во регионот и како земја која има корист од приклучувањето кон европското семејство, е на страната на Западен Балкан“, изјави тој пред новинарите.

„Знаеме дека процесот е тежок за овие земји. Мое мислење, сепак, е дека многу е важно да се предложи конкретен рок за да може да се заврши тој процес. Мојот предлог до Европскиот совет е тоа да биде до 2033 година или 30 години по Самитот во Солун, за Западен Балкан и нивните граѓани да знаат дека на крајот од овој долг процес тие навистина можат да се радуваат да станат членки на ЕУ“, рече Мицотакис.