March 8, 2021 13:25
Балкан

Грција бара од ЕУ да побрза со ковид-пасошите

Грчкиот министер за туризам ги повика лидерите на ЕУ да го забрзаат воведувањето на сертификати за вакцинација, што повторно ќе овозможи масовни патувања во странство.

Грција се бори да го спаси туристичкиот сектор, кој минатата година беше силно погоден од пандемијата на коронавирус.

„Гледајќи ги реакциите на некои земји на предлогот да се воведат сертификати за вакцинација, мислам дека има многу кратковидост. Треба уште многу да се направи за да се подготвиме”, изјави министерот Харис Теохарис за Фајненшл тајмс.

Теохарис рече дека некои земји се премногу зафатени во моментот, особено земјите од Северна Европа, кои не сакаат да гледаат напред и да планираат економско закрепнување за летото, додавајќи дека мора да се дејствува побрзо.

На самитот на ЕУ на 25 февруари, европските лидери ќе размислат за воведување на таканаречени ковид-пасоши, што ќе овозможи патување во странство по вакцинацијата.

Cells at Work!! Episode 7 at website https://kissanimeonline.com dubbed anime

Watch How Not to Summon a Demon Lord Ω Episode Preview at ANIMEFLIX watch anime dub