June 26, 2022 22:11
Македонија

Група лозари протестираат на патот Кавадарци-Неготино

Група лозари од Тиквешко денеска протестираат на патот Кавадарци – Неготино, барајќи решавање на неколку долгогодишни проблеми во лозарството.

Организаторите на протестот изјавија дека се соочуваме со проблеми при наводнувањето на лозовите насади и со неисплатено грозје од одделни винарници.

– Бараме субвенции и за обезбедување на ѓубриво за ѓубрење на лозовите насади. Бараме исто така средба помеѓу претставници на лозарите и винариите со посредство на Министерството за земјоделство за да се утврдат количини на грозје што винарите планираат да ги откупат оваа година, по која шеќерност и цена за килограм, додаваат организаторите.

Предвидено е протестот да трае до 13 часот.

play go88.top pay go88 go88 quốc tế

sunwin net cách soi cầu tài xỉu sunwin Tải SunWin APK/Android/iOS/Web