March 9, 2021 12:08
Свет

Групата на Јеховините сведоци останува забранета во Русија

Групата Јеховини сведоци останува забранета во Русија, нејзиниот статус не е изменет законски, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува „Спутник“.

„Организацијата сè уште е забранета во Русија, сè уште е на списокот на забранети организации, така што нема што повеќе да се каже“, рече Песков.

„Прашањето беше разгледано, се разбира, откако претседателот беше прашан за тоа. Како резултат, не беа направени никакви измени или дополнувања на законот“, додаде портпаролот.

Руските истражители неодамна изјавија дека отвориле кривична истрага за групата бидејќи нејзиното седиште во Русија ја продолжило својата работа. Песков во вторникот најави дека ќе дознае повеќе за ситуацијата.

Според „Москоу  тајмс“,Повеќе од 400 Јеховини сведоци се обвинети или осудени во Русија откако земјата ја забрани верската група како „екстремистичка“ организација пред три години.

Од забраната во април 2017 година донесена од страна на Врховниот суд на Русија, полицијата извршила рација во домовите на 1.166 семејства на верници, велат Јеховините сведоци. Отворени се 175 кривични случаи за „екстремизам“ против верниците од крајот на октомври 2020 година, со 148 од нив сè уште во тек.

Повеќе од половина од 400 верници поминале од неколку дена до три години во притвор додека чекале судење. Околу 310 ги загубиле своите работни места, деловни активности, пензии и банкарски сметки како резултат на етикетата „екстремист“. Четворица Јеховини сведоци починале додека биле под истрага.

Комесарот за човекови права на претседателот Владимир Путин сугерираше дека законодавството за екстремизам во Русија е во судир со уставното право за практикување каква било религија.

„Хјуман рајтс воч“ ги повика руските власти веднаш да ги ослободат притворените Јеховини сведоци, да ги отфрлат обвиненијата и да ги избришат сите поврзани кривични досиеја.

Watch Interspecies Reviewers Episode 12 (https://crunchyrollfree.com/m/jbZg/ep-12) at website https://crunchyrollfree.com. See more crunchyroll free anime list

That Time I Got Reincarnated as a Slime OAD (Dub) Episode 5 at website https://gogoanime.be. See more gogoanime gintama