January 15, 2021 15:35
Македонија

Групата за процена во ЦУК: Да се продолжи кризната состојба

Денеска, во Центарот за управување со кризи се одржа втора седница на групата за процена во ЦУК.

Со седницата на групата за процена раководеше в.д. директорот на Центарот, Стојанче Ангелов, а учествуваа претставници на субјекти во Системот за управување со кризи назначени во согласност со и Законот за управување со кризи.

Во согласност со дневниот ред беше оформен предлог до управачкиот комитет за координација во Системот за управување со кризи, Владата да достави предлог до Собранието за продолжување на прогласената кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија заради заштита на јавното здравје во услови на постоење пандемија прогласена од Светската здравствена организација од заразната болест Ковид-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2 и заради спречување негово ширење во зголемен обем, со што се загрозува безбедноста на здравјето на населението, a можниот датум треба да биде деновиве потврден.

Истовремено, институциите во Системот за управување со кризи продолжуваат со активностите во согласност со акцискиот план за превенција и справување со ширењето на заразната болест, а во согласност со планот за координирано дејствување, донесен на втората седница на главниот штаб за управување со кризи.