January 22, 2022 21:05
Македонија

Груевски: Протуѓер панично се обидувал да се спаси од прогонот, умилкувајќи се на Заев

По денешното рочиште за случајот “Плацевите на Водно”, екс премиерот и првообвинетиот Никола Груевски се јави со нов фејсбук статус од Будимпешта.

Тој на долго и широко го оценува денешното судење, со видно разочарување од сведочењето на дел од неговите некогашни сопартијци. Се добива впечаток дека особено е револтиран од сведочењето на Мартин Протуѓер.

Најактуелно денес е сведочењето на Мартин Протогер, мој поранешен шеф на кабинет, член на ИК на партијата и еден период и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Протогер кажал дека понекогаш покрај политичките разговори сме разговарале и приватни работи. Всушност денeс тој цело време говорел за наводни приватни разговори меѓу нас двајцата без присуство на трети лица, па на крајот и самиот на прашање на еден од адвокатите потврдил дека за тоа што го кажал нема никаков доказ, вели Груевски.

Од Протоѓер, Грувски се префрла на неговиот хроничен здравствен проблем, односно се правда дека лекарите му препорачувале да живее на планина.

-Како и да е, точно е дека тоа го имам разговарано со Мартин Протогер на таа тема повеќе пати и во тој контекст и препораката на лекарите да најдам начин почесто да сум на повисоки места, каде воздухот не е загаден. Во еден таков контекст, како што денес и навел Протогер, точно е дека повеќе пати имам раговарано со него и имам споделено размислување да најдам некое земјиште во општината Сопиште, кое истовремено е многу блиску до Скопје, цената на земјиштето е ниска и прифатлива, а воздухот далеку почист отколку во градот.
Точно е дека десетина години повремено особено во периодите на обилна кашлица ќе го спомнев тоа во негово присуство, иако за жал презафатен со обврските не преземав конкретна акција.

Сè до тука Протогер ја зборува вистината и тој ме подржуваше во таа намера, па дури и размислуваше и тој во иднина да се пресели во таа соседна општина на градот Скопје, пишува Груевски.

Тогаш додава дека сепак Протуѓер кажал и лага поврзана со земјиштето на Водно.

-Но, оној дел од неговата изјава каде говори дека во некој момент сум му спомнал дека сум земал земјиште на Водно од 10 илјади метри квадратни не само што е неточна, туку ценам дека е дел од притисокот и уцената кој врз него систематски се прави од страна на партиски контролираното обвинителство…

Се на сè, можам да кажам дека тој дел од изјавата на Протогер, колку и да се трудам да ја разберам неговата ситуација, е недостоинствен, неприфатлив и неточен, вели Груевски.

Потоа продолжува со шпекулации дека наводно Протуѓер се умилкувал на Заев.

-Во изминатите една година читав многу шпекулации низ медиумите и слушав од некои поединци околу тоа како тој панично се обидувал да се спаси од прогонот, умилкувајќи се на Заев и на обвинителството и покренувајќи различни и прилично недостоинствени иницијативи, со кои на моја лична штета, неоправдано и нечесно, тој би сакал да добие поповолна позиција кај нашите заеднички политички прогонувачи, а и дека се обидувал и други да навлече на тој пат.
Ако е тоа точно, а повеќе непотврдени различни извори говорат за тоа, тогаш тоа е поразително за него како личност и би ми било многу жал што еден мој соработник за кој имав многу подобро мислење, спаднал на такви ниски гранки.

Сепак, за разлика од него, јас не би тврдел нешто што не сум го видел, туку само сум го прочитал или чул од некои лица како непотврдена информација, вели Груевски.

gogoanime pro. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

animes online GoGoAnime Naruto: Shippuden (Dub)

anime gogo Fairy Tail (Dub)

GoGoAnime Attack on Titan Season 2 (Dub)

Pokémon Journeys: The Series Episode 80

gogoanime1 SK8 the Infinity