August 5, 2021 04:07
Македонија

Груевски: Од најголем интерес за Македонија е силно и моќно ВМРО-ДПМНЕ

Поранеѓниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, сега политички азилант во Унгарија преку Фејсбук на сите членови на партијата им го честиташе партискиот роденден

-Во предвечерието на 31-от роденден на ВМРО-ДПМНЕ, како нејзин поранешен долгогодишен водач низ мноштво победи и успеси, на сите членови на партијата им го честитам партискиот роденден. ВМРО-ДПМНЕ низ годините, од нејзиното основање беше носител на најголемите општествени и економски промени, реформи и напредоци на Македонија. 181.000 членови колку што броеше партијата при моето заминување од кормилото на истата беа носители на тие промени и напредоци, без чија поддршка тие немаше да се случат. Силата на ВМРО-ДПМНЕ е всушност нејзиното членство кое заедно со симпатизерите и поддржувачите на нејзините политики и со помош на коалициските партнери во изминатите 31 година беа носителите на идејата за независност, носители на промените, реформите, успесите и напредокот на Македонија, но и силата која беше на браникот на одбраната на Македонија низ многу тешки моменти. Денес кога Македонија е под режимот на една мафијашка власт која економски ја врати Македонија децении назад, која го контролира правосудството и ја диктира неговата работа во најситни детали од тоа кој да биде прогонуван до тоа кога и на каков начин тоа да се објави и пласира на јавноста преку мноштвото контролирани медиуми, кога националните интереси се на распродажба и кога криминалот и рекетот се главната водилка на власта, од најголем интерес за Македонија е силно и моќно ВМРО-ДПМНЕ. А силата е во секој член на партијата, во секој активист, во секој поддржувач и во секој човек во земјата и дијаспората кој сака многу поуспешна и попросперитетна Македонија. Да живее ВМРО-ДПМНЕ! Да живее Македонија!, вели Груевски.

WCOStream Watch anime online, English anime online HD. Lupin III: Dead or Alive (Dub) Episode Full

Watch anime online for free at AnimeHeaven animeheaven dragon ball. Boku wa Imouto ni Koi wo Suru Episode Full

GoGoAnime Watch anime online, English anime online HD. Watch Majikoi: Oh! Samurai Girls Episode 12

KissAnime Credly: https://www.credly.com/users/kissanimemx/