August 10, 2022 23:27
Македонија

Груевски е ВИП мигрант на Орбан- опозиција постави транспарент на зградата на парламентот

Унгарската опозиција ги критикуваше потезите на владата на премиерот Виктор Орбан во врска со барањето за азил на поранешниот македонски премиер Никола Груевски во таа држава.

На зградата на парламентот беше истакнат транспарент со натпис „Груевски вип мигрант на Орбан“. Будимпешта тврди дека Скопје се уште не поднело барање за екстрадиција на поранешниот премиер.

Пратениците во унгарскиот парламент жестоко го критикуваа премиерот Виктор Орбан поради начинот на кој Будимпешта го води случајот на експремиерот на Република Македонија, Никола Груевски, кој два дена пред издавање на меѓународната потерница ја напушти земјата и преку неколку држави стигна во Унгарија.

Одговарајќи на прашања на пратениците, државниот секретар Балаш Орбан, рекол дека Груевски по доаѓањето во Будимпешта побарал азил, но унгарскиот портал „Индекс“ забележува дека засега нема информации во која држава побарал азил Груевски.

Балаш Орбан исто така нагласил дека Унгарија не му помогнала на Груевски да ја напушти Македонија, како и однесувањето на Будимпешта кон експремиерот на Македонија било резултат на безбедносни причини.

Поврзани вести

Двајца починати, 693 нови случаи на Ковид-19

Igor

Почина Кирил Дојчиновски, легендата на македонскиот фудбал

Dragan Nikolovski

Со пари за заштита од Ковид купен автомобил со кожен волан, во Скопје тест за 119 денари, во Прилеп за 420 денари

Valentina