June 26, 2022 00:09
Македонија

Груевски доби 9, Јанакиески 3 години затвор за уривањето на Космос

Кривичниот суд Скопје, првообвинетиот во случајот „ТНТ” Никола Груевски (во бегство), го прогласи за виновен и го осуди на девет години затвор, додека обвинетиот поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, е осуден на три години затвор за рушењето на КОСМОС на бизнисменот Фијат Цаноски.

Екс-градоначалникот на општина Гази Баба, исто така прогласен за виновен и осуден на четири години. Иста казна затвор од четири години и беше изречена и на обвинетата Елизабета Најдовска.

Според пресудата, Груeвски и Јанакиeски во 2012 година со цел да му се одмаздат на Цановски ги натерале градоначалникот и инспекторката незаконски да го срушат КОСМОС. Причината била поради тоа што тој ја напуштил владеачката коалиција.

Повеќе од 40 минути судијата образложуваше зошто не ја прифатил одбраната на обвинетите која главно се состоеше во дадените помилувања од претседателот Ѓорѓе Иванов во 2016 та година. Рече – тие од самиот почеток се апсолутно ништовни. Со оваа пресуда судот ги задолжи осудените да му ја надоместат и направената штета на Цановски во вредност од повеке од 10 милиони евра. цановски пак претходно најави дека ќе бара оштета од државата и осудените во вредност од 40 милиони евра колку што пресметале неговите вештачења. Адвокатот на Јанакиески најави жалба.

Останатите тројца обвинети кои биле членови на комисијата за јавни набавки се ослободени од вина.

Првото рочиште за овој случај беше одржано на 24 јануари 2018 година.

Судењето за овој предмет го води судијата Огнен Ставрев, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Бурим Рустеми.

Според обвинителниот акт поднесен од поранешното СЈО, во временскиот период од 01.04.2011 година до крајот на 2012 година во Скопје, обвинетиот Никола Груевски, во својство на премиер на Владата и обвинетиот Миле Јанакиевски – министер за транспорт и врски, заеднички со цел да му се одмаздат на оштетениот Фиат Цаноски за неговата политичка одлука кој како претседател на политичката партија ПЕИ, ја напуштил коалицијата со политичката партијата ВМРО-ДПМНЕ и склучил коалиција со опозициската политичката партија СДСМ, искористувајќи ја нивната реална моќ со умисла го поттикнале обвинетиот Тони Трајковски, тогашен градоначалник на општина Гази Баба, да стори кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување” и да тој ја искористи својата службена положба и незаконски да го сруши станбено-деловниот објект Космос што бил граден од оштетениот-инвеститорот оштетениот Фиат Цаноски.

Поврзани вести

Фото галерија: „Излези за љубов! достоинство, еднаквост, правда“- мото на овогодинешното издание на „Скопје прајд“

Valentina

(Фото- Видео):Почна парадата на гордоста

Valentina

ССМ притисокот го продолжува на улица- од понеделник ќе го блокира Скопје

Igor

https://tai.go88.is/

https://tai.sunwin.gg/