August 2, 2021 20:55
Македонија

Груевски: Денеска почна театарската престава во режија на Заев, ниту сум зел пари од партијата, ниту сум купувал земјишта или станови

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, сега политички азилант во Унгарија преку Фејсбук го коментираше денешниот почеток на судењето зза случајот „Плацови на Водно“ каде тој е првообвинет.
-Денеска почна театарската престава во режија на Зоран Заев а во изведба на обвинителството во кое самиот нарачува случаи и издава инструкции за оние кои ги одбрал да се пресметува со нив. Престава темпирана да го сврти вниманието во предизборниот период, во кој наместо да слушнеме за реално завршени и исполнети реформи кои го направиле подобар животот на граѓаните или создадени проекти од власта, ќе слушаме небулозни приказни со театарски сценарија во кои како доказ не се нуди ништо, освен мал број уценети лица со изнудени претпоставки наместо докази, и тоа со применети најбрутални методи. Уште еднаш повторувам дека ниту сум купувал, ниту продавал земјишта или станови. Ниту сум земал пари од партијата за тоа. Се е лага и валкана конструкција.
Се прашувам како тоа сум перел пари и сум го зголемил имотот кога и самите сведоци и лица кои давале изјави, колку и да биле притиснати и под тешки закани, дале изјава во обвинителството дека пред 10-11 години наводно некое трето лице им рекло да купат стан или земјишта кои тие ги купиле со свои пари и никогаш никој не им дал пари за истото. Таков е случајот со земјиште купено на јавна лицитација од некоја фирма во големина ако добро разбрав ооолу 2.400 мкв на Водно, еден стан од 60тина метри квадратни и многу слично е со земјиште во Крушево кое било купено на јавна лицитација во вредност од 40.000 денари. Па така, и денес тој стан и тие земјишта се нивни имот, на оние што ги купиле, за кој дале свои пари и не примиле пари ниту од мене ниту од било кој, како што кажале во обвинителството.
Чив имот во овие случаи сака да запленува обвинителството? Имот кој ниту сум го купил, ниту платил како што тврдат самите оние кои давале изјави во обвинителството под големи притисоци да кажат дека претпоставуваат дека тие требало да бидат мои. Како тоа сум испрал пари ако никому не сум дал никому пари и никој не земал пари во овие случаи ниту од мене, ниту од некој друг? Како сум го зголемил имотот ако не сум купил имот? Ако и по 10 или 11 години подоцна тој имот си е на име на тие луѓе кои го купиле со нивни пари како што самите се изјасниле во обвинителството. Или сега ќе им се изврши додатен притисок и тие изјави да ги променат, па да кажат спротивно на кажаното неодамна. На обвинителството не му е прв пат да конструира вакви лажни конструирани случаи со примена на најбрутални методи. Ова е и дел од долгогодишната кампања и напори на Заев и СДСМ за мое оцрнување.
Ова е пример на власт која неспособна да испорача реални резултати со кои ќе се подобри животот на граѓаните, фокусирана е на оцрнување и прогон на оние кои покажале дека може и поинаку во однос на исполнување на ветувњата. На крајот, засега, да резимирам.

Со јазикот на обвинителот, некој ке рече. Ако е така како зборувам, да дојдам во судница ова да го докажам. Јас нема така да постапам, но ќе кажам, жалам што на моја кожа ја осетив репресијата на власта, како многу пати во историјата кога се судело на личности меѓу кои и јас се препознавам, заради политички потреби, во случајот на Зоран Заев. Јас знам дека на овој човек му е потребен и овој случај за да приредува забава во која се игра со човечки судбини. Во немоќ денес обвинителот изнесе замислени факти кои не се ни тоа, не се ни доказ, ниту се обвинение за кривично дело, затајување, перење пари, уште помалку дека тие кривични дела се сторени од мене или било кое друго име, внесено во предметот за да се одглуми уште една “роља” од мега преставата што се вика Никола Груевски, напиша Груевски.

AnimeBee: Robotica*Robotics anime episode Full online free at https://animebee.to english anime

AnimeFLV: Date A Live II (Dub) anime episode 10 online free at https://animeflv.uk stream anime online

Website https://4anime.biz: Watch Ladies versus Butlers! 4anime Episode 12 anime online

Torgi gov: https://www.torgi.gov.ru/forum/user/profile/1446924.page

Sqlservercentral: https://www.sqlservercentral.com/forums/user/kissanimemx

Gogoanimelol doodlekit: https://gogoanimelol.doodlekit.com/