Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, г. Артан Груби денес се сретна и со амбасадорот на Република Словенија, г. Милан Предан.
Спорот со Бугарија и неговото решавање беше дел од разговорот меѓу Груби и Предан, при што беше истакната потребата што поскоро да се одреди датум за разговори со Европската унија, бидејќи патот на Република Северна Македонија кон ЕУ е од посебна важност.
На средбата беше истакнато дека двете земји имаат долга соработка меѓу нив и дека Северна Македонија во Словенија секогаш има искрен поддржувач како близок партнер и членка на НАТО, додека земјата заслужува датум за почеток на преговорите на почетокот на следната година.