January 22, 2022 21:19
Македонија

Груби: Одговорност за несреќата во Бугарија мора да има, ќе има поместувања на функциите идната недела

Првиот вицепремиер и генерален секретар на ДУИ Артан Груби во емисијата 24 анализа во врска со автобуската несреќа во Бугарија во која загинаа 45 лица истакна дека се во контакт со роднините на загинатите и утре ќе бидат донесени телата на загинатите за да им се одаде почит.

– По петочната молитва, починатите ќе бидат погребани во нивните места. Не се обидуваме да правиме спектакл од овој настан и сакаме да одадеме почит и да ја искажеме нашата болка и сочувство. Овој случај се случил во друга држава и телата ќе бидат донесени со авион. Во однос на несреќата нема да оставиме ништо на случајот, а да не дознаеме што се случило и да одговараат сите одговрни за трагедијата. Од ова нема бегање од одговорност. Гледаме дека истрагата е динамична во Бугарија. Јас го кажав на владина седница, дека ќе бараме одговорност и од фукционерите и по извештајот ќе има поместувања следната недела. Тој автобус поминал многупати низ границата, значи има многу коруптивни елементи во начинот на кој може таков автобус да помине пет гранични премини. Затоа треба да го раздрмаме системот со темелна истрага. Ќе го повикам и Руфат Хусеини на разговор и очекувам детални информации, рече Груби.

https://animedao1.com/. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

Fairy Tail Episode 172

AnimeDao Naruto (Dub)

watch anime dub Black Clover

AnimeDao JoJo's Bizarre Adventure: Golden Wind (Dub) Episode 37

english dubbed anime Kuro Gal ni Natta kara Shinyuu to shitemita.