January 25, 2021 07:30
Македонија

Груби: Не сум повикан во Хаг, преведував за трибуналот за „Жолтата куќа“

Артан Груби негира каква било инволвираност во случајот „Жолтата куќа“, напротив тој тврди дека и во обвиненијата за косовскиот претседател Хашим Тачи и експретседателот на косовското Собрание не се споменува „Жолтата куќа“. Според Груби, станува збор за предизборна кампања во Албанија, во која, како што вели, не сака да учествува ниту пак да биде инволвиран.

– Работев за Хашкиот трибунал од 1999 до 2004 година и во албанскиот град Бурел бев заедно со иследникот на Хашкиот трибунал, по претходни наводи за наводни злосторства таму и се утврди дека нема никаков случај. Во неговиот извештај тоа го кажа и се затвори. Бев службено како дел од Хашкиот трибунал – вели Груби.

Тој негира дека е повикан во какво било својство од Хашкото обвинителство во врска со обвиненијата за водачите на ОВК од Косово.

– Секоја година се отвора оваа тема, едноставно моето сиви е јавно објавено не веб-страницата на Владата, претходно на Собранието, и сите знаат дека сум работел во Хашкиот трибунал од 1999 до 2004 година во канцеларијата на обвинителката како преведувач и тоа сум работел на истраги и во Македонија, Косово, Албанија, во Црна Гора и Србија и нема ништо спорно во мојот ангажман – вели Груби.

Тој тврди дека во обвинението против водачите на ОВК на Косово воопшто не се споменува „Жолтата куќа“.

– Ако сте го читале обвинението, ќе забележите дека „Жолтата куќа“ воопшто не се споменува. Јас бев во Албанија во 2004 година, а наводите за направени злосторства се од 1998/99 година. Бевме таму како дел од истрагата, јас бев асистент на иследникот, но „Жолтата куќа“ воопшто не е дел од обвинението против претседателот на Косово, експретседателот на Собранието, туку други наводни злосторства од 1998 и 1999 година – вели Груби.

Според него, отворањето на случајот „Жолта куќа“ во Албанија е за предизборни цели.

– Во Албанија се одвива предизборна кампања и обвинувавања помеѓу позицијата и опозицијата дека наводно лидерот на опозицијата бил дел од истрагата во „Жолтата куќа“, додека работел за УНМИК во департментот за правда и оправдувањето на опозицијата беше дека не Баша, туку јас сум бил вработен во Хашкиот трибунал како дел од тој процес. Сето ова е дел од предизборна кампања во Албанија во која не сакам да бидам дел, ниту да бидам инволвиран – вели Груби.

 

The Misfit of Demon King Academy Episode 13 at website https://gogoanime.be gogoanime boku no hero academia

Yosuga no Sora Episode 12 at website https://animeflix.nl darling in the franxx animeflix