August 5, 2021 04:23
Македонија

Груби на средба со романската амбасадорка Аксинте

Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска оствари средба со новата амбасадорка на Република Романија во Македонија, Адела Моника Аксинте.

Како што информира Кабинетот на вицепремиерот Груби, двајцата соговорници за време на средбата процениле дека постои стратешки интерес на целиот регион и Европа, нашата земја да го продолжи патот на реализација на реформи што се од интерес за граѓаните, како и за реализација на стратешките цели.

Груби ја информирал амбасадорката Аксинте и за политичките процеси во земјата, реформите во администрацијата и правосудниот систем, процесот на регистрација. Разговарале и за локалните избори, што треба да се одржат во втората половина на октомври оваа година и за имунизацијата што се спроведува низ целата држава.

Од Кабинетот на Груби велат дека членството на Македонија во НАТО, Груби и амбасадорката Аксинте го оцениле како придонес кон безбедноста на целиот регион истовремено поздравувајќи ги развојните политики на мултикултурализмот како пример во широки рамки.

-Нашите граѓани и нашата земја заслужуваа отворање на преговорите за членство во Европската Унија. Направивме се и сега е редот Брисел да го исполни неговото ветување, истакна Груби на средбата.

Груби и Аксинте разговарале и за унапредување на соработката меѓу двете земји во областа на економијата, трговијата, енергијата, транспортот, туризмот, културата и образованието.

https://kissanime.mx kissanime real website. The Disastrous Life of Saiki K. 2 Episode 24

AnimeBee Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed. Hellsing Ultimate Episode 10

4Anime - Watch English Anime Online For Free in HD | 4Anime.biz. Watch Godzilla: Planet of the Monsters Episode Full

KissAnime Spreaker: https://www.spreaker.com/user/14673222