October 18, 2021 12:50
Македонија

Груби-Мејер: Изборите ќе се одржат во демократски и европски дух

Пописот, претстојните локални избори и отворените прашања со Бугарија беа главни теми на денешната средба на првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и в.д. шеф на мисијата во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје Ерик Мејер.

Како што соопшти Кабинетот на вицепремиерот Груби, Груби и Мејер констатираа дека Вашингтон е најголемиот поддржувач на Република Северна Македонија.

На средбата Груби и Мејер разговарале за спроведување на неопходните и важни реформи со цел институциите да функционираат непристрасно и независно, за владеењето на правото, вклучително и борбата против корупцијата и за пописот. Груби, како што се наведува, му пренесе на Мејер дека овој процес е важен за нашата држава, но и дека е барање на сите меѓународни институции кои очекуваат од нас како земја кандидат за членство во Европската Унија да ги преземеме сите наредни чекори врз основа на процентот на населението и со ова да ги планираме и да ги спроведуваме развојните политики во нашата земја.

Според Груби, веќе се направени сите подготовки за организирање на овие избори и тие ќе се одржат во демократски и европски дух.

-Груби и Мејер разменија мислења и за надминување на отвореното прашање со соседна Бугарија. Северна Македонија е подготвена да се врати на разговорите со целосна конструктивност откако бугарската страна ќе биде подготвена за тоа, стои во соопштението.

На средбата се дискутирало и за Коридорот-8, за текот на постапките, а Груби изразил надеж дека договорот ќе биде потпишан во текот на годината со американската компанија „Бехтел”.

Website https://animeflv.uk: Watch Ace wo Nerae! 2 animeflv Episode 13 english anime

Website https://animefreak.ws: Watch Hidden Leaf Village Grand Sports Festival (Dub) animefreak Episode Full animefreak one piece

AnimeHeaven: Kawa no Hikari anime episode Full online free at https://animeheaven.pro animeheaven dragon ball super

Watch Ali Baba to 40-hiki no Touzoku (Dub) Episode Full

Gogoanimelol mystrikingly: https://gogoanimelol.mystrikingly.com/

Vhearts: https://vhearts.net/animeflixnl