February 27, 2021 04:39
Македонија

Груби: Ги платив двете казни, едната од 500 евра и другата од 20 евра

Откако пред неколку дена за време на промовирањето на новите канцеларии на Министерството за политички систем и односни меѓу заедниците, функционери на ДУИ без заштитни маски и дистанца, го славеа роденденот на лидерот Али Ахмети и тоа го овековечија со фотографија, до нив пристигнаа и казни поради непочитување на ковид мерките.

Казна од 500 евра доби вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, за кого инспекторатот утврдил дека го прекршил Законот за заштита на населението од заразни болести затоа што како одговорно лице дозволил прослава без заштитни маски.

На оваа тема се разговараше и во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 каде вицепремиерот Груби посочи дека ги платил и двете казни, едната од 500 и другата од 20 евра.

„10 минути пред да се сликаме беше и Зоран Заев. Грешна беше. Беше еуфорија. Како сите граѓани и ние сме еднакви пред законот и си плативме казна“, порача Груби.

Тој истакна дека казните ги платитл од својата плата и вели дека на спорната фотографија се луѓе кои сакале да му го честитаат роденденот на Али Ахмети.

Watch Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba Episode 17 at Funimation funimation anime of the decade

My Hero Academia: Two Heroes (Dub) (https://gogoanime.be/m/eYQl) Episode Full at GoGoAnime gogoanime jojo