December 3, 2022 09:11
Балкан

Гром удри на аеродромот во Белград, пистата е оштетена

Големо невреме го зафати Белград нешто по 15 часот, при што гром удри во пистата на аеродромот „Никола Тесла“.

Аеродромот „Никола Тесла“ за „Нова.рс“ потврди дека пистата била погодена од гром и дека надлежните служби работат на процена на ситуацијата.

„За време на силното невреме, пистата на белградскиот аеродром беше погодена од гром и во беше оштетена. Оперативните служби во моментот ја проценуваат состојбата. Наш приоритет е безбедноста на патниците и авионите“, соопштија од аеродромот.

Летовите привремено беа прекинати, но веќе сообраќајот на аеродромот е нормализиран.