June 28, 2022 05:19
Македонија

ГРОМ: Владата да донесе одлука за забрана на извоз на жито и житни култури

На војната во Украина не и се гледа крајот. Намаленото производство на жито и житни култури сериозно ќе влијае на производството на храна во целиот свет. Дополнително се усложнува ситуацијата со неможноста Украина да извезува со бродски транспорт како и санкцииите према Русија како два најголеми светски производители на овие култури.

Тоа значи дека треба да се подготвиме за тешка зима и затоа стоковите резерви за жито треба да бидат полни но во исто време владата треба веднаш да донесе одлука за забрана на извоз на жито и житни култури и уште од сега да ги обезбеди дополнителните количини на брашно и други продукти затоа што се очекува сите земји во регионот да забранат извоз на жито и брашно.

Производителите не смеат да бидат оштетени и нивната цена да биде депресирана, напротив  Граѓанската Опција за Македонија предлага откупната цена на житото да се формира според светските берзански цени.

На таков начин ќе ги заштитимие производителите но во исто време ќе бидеме сигурни граѓаните, сточниот и животинскиот фонд на Македонија ќе бидат обезбедни за оваа и наредната година

Повикуваме владата да постапува  одговорно и сериозно да одговори на опасноста која ни демне.

go88 nổ hũ cách tải go88 cho iphone mẹo chơi go88

sunwin apk 2021 sunwin pro plus play sunwin