January 26, 2021 18:10
Македонија

Грозоморие во болниците на смртта на Филипче, инфузиска терапија се дава во просторија со мртви луѓе

Интегрален текст од вонредна прес конференција на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

„Почитувани, немам доволно зборови да го опишам грозоморието кое што владее во болниците на смртта на Венко Филипче и на Зоран Заев! Фотографиите кои што од пред малку се споделени на социјалните мрежи го покажуваа дното на нечовечноста и нехуманоста во болниците на смртта. Во битолската болница, во иста просторија со четири кревети, на два од нив има мртви тела, на починати пациенти, додека на другите два се пациенти прикачени на инфузиска терапија.

Ова е ужас! Во македонските болници владее целосен хаос, безживотни тела оставени во простории, во ходници, во чекални, целосно безредие во организација на Филипче и Заев. Ова е пресериозно за да се остави да продолжи понатаму, бидејќи со нивниот несериозен приод доаѓа уште полошо. Ова е пресериозна состојба за македонското здравство да се остави во рацете на Филипче и на Заев. Почитувани, инсистираме на темелна истрага за случајот во битолската болница, вакво нешто е недозволливо. Но, морам да потсетам дека неодамна предупредувавме за степенот на нехуманоста и воопшто делувањето вон здравствени протоколи во болниците на смртта на Филипче, тогаш кога беа објавени фотографиите за инфузиска терапија на пациенти во двор на болница. Сега инфузиска терапија се дава во соба со мртви човечки тела.

Ова повеќе не смее да се повтори. Ова се фотографии за грозоморието во болниците на смртта се недостојни ни за здравството од третиот економски свет. Инсистираме на итна неотповиклива оставка на Венко Филипче од ресорот здравство, инсистираме итна оставка на владата со Зоран Заев заради несериозност и пред се нечовечност во справувањето со епидемијата. Нивниот инает за држење на гола власт се сведе на газење врз човечки тела, живи и починати! Итна оставка на Владата и итно формирање на експертска влада!

Hunter x Hunter (Dub) (https://animeplanet.cc/m/XBlo) Episode 148 at website https://animeplanet.cc. See more anime planet seven deadly sins

Spirit Chronicles (https://funimationfree.com/m/nBla) Episode Preview at Funimation funimation