December 6, 2022 22:35
Македонија

Грковска за Маричиќ: Сите имаме обврска да кажеме како ги трошиме јавните пари

Очекувам одговорно, професионално и чесно работење од сите луѓе во мојот кабинет. Во текот на мојот цел ангажман не се случило нешто што практично ќе биде црно петно во мојата биографија и би сакала тоа така и да остане, вели во интервју за „Макфакс“ вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска.

Осврнувајќи се на состојбата со бројот на вработени во државната и јавната администрација, Грковска истакнува дека превработеност постои, но во одредени сегменти, како што дополни, има и недостиг од работна сила. Објасни дека сега со скрининг-процесот уште повидливо ќе биде каде има превработеност, а каде недостигаат луѓе за работа и дека „дефинитивно ќе бидат потребни промени околу ова прашање“.

Во делот на корупцијата нагласи дека правосудните органи се меѓу првите три кои од страна на граѓаните се препознаени како институции во кои тие немаат доверба и во кои има голема корупција.

„Не можам да прифатам независноста на институциите да биде параван за самоволие“, потенцира Грковска.

Според неа, граѓаните не треба да бидат жртва на бирократијата и институционалниот хаос.

„Нема веќе шетање од шалтер до шалтер туку вработените во институциите треба да одговорат на нивните обврски“, децидна е Грковска.

„Политичарите би требало да бидат пример за граѓаните“, нагласува вицепремиерката.

За корупцијата меѓу политичарите, што ќе следува за Милевски и вработувањата кои ги правел во министерството коешто го предводеше, за Маричиќ и неговите сметки, во интервјуто за „Макфакс“ со вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска.