Македонија

Грковска – Галовеј: Продолжува соработката во правец на унапредување на политиките за добро владеење

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска ја прими амбасадорката на Обединетото Кралство во нашата држава, Рејчел Галовеј, која на вицепремиерката Грковска ѝ го честиташе стапувањето на новата должност и ѝ посака успешен мандат и остварување на програмските приоритети во интерес на граѓаните.

Амбасадорката Рејчел Галовеј потврди дека Обединетото Кралство останува силен поддржувач на клучните реформски процеси во Северна Македонија и нагласи дека двете страни ќе продолжат да работат заедно во правец на просперитет на земјата,  со акцент на засилена соработка на полето на дигитализацијата, владеење на правото и професионализација на институциите.

Вицепремиерката Грковска, ја изрази својата цврста решеност и посветеност на досега зацртаните стратешки цели за добро владеење во државата, со фокус на владеењето на правото, дигитализацијата и решителна борба со корупцијата.

„Како Влада имаме динамичен старт, дефиниравме остварливи приоритети и долгорочни решенија кои се однесуваат на стратешките интереси на државата. Нашиот фокус е на борбата со корупцијата во која ќе се вклучат сите институции на државата, додека  Владата на Република Северна Македонија ќе ја обезбеди легалната основа за спроведување на овој процес. Еден од клучните приоритети ни е и дигитализацијата која е всушност база за спроведување на политиките на добро владеење”, истакна вицепремиерката Грковска.

Таа подвлече дека во овој процес клучно ќе биде и интензивирањето на соработката со невладиниот сектор.

Вицепремиерката го подвлече значењето на донесување на Законот за конфискација на сопственоста кој е во драфт верзија и ја истакна важноста од неговата посветена  имплементација како и подобрениот системски пристап во процесот јавни набавки.

На средбата амбасадорката Галовеј ја подвлече подготвеноста на Кралството Велика Британија да ги споделува своите искуства во таргетираните области и да ги поддржува клучните реформски процеси.

Заменичката Грковска и aмбасадорката Галовеј се согласија дека ќе продолжат со плодната соработка во насока на остварување на стратешката цел на Владата за добро владеење со цел државата да има професионални институции кои работат во полза на граѓаните.

4Anime - Watch English Anime Online For Free in HD | 4Anime.biz. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

4Anime My Hero Academia Season 3

4Anime Attack on Titan (Dub)

Dragon Ball Super Episode 131

4Anime SK8 the Infinity

watch anime dub Hunter x Hunter (2011) (Dub)