October 23, 2021 00:51
Свет

Гринпис: Руските пожари изгореа површина половина од големината на Германија

Пожарите уништија рекордна површина шумско и степско земјиште во Русија досега оваа година, област со големина што е половина од територијата на Германија, соопшти еколошката организација Гринпис.

Оваа организација проценува, врз основа на сателитски податоци, дека изгореле повеќе од 17,6 милиони хектари, со што е соборен претходниот рекорд од 16 милиони хектари поставен во 2016 година, јави ДПА.

Според руската агенција за заштита на воздушните шуми, се уште горат повеќе од 250.000 хектари.

Григори Куксин, претставникот на филијалата на Гринпис за Русија , изјави за ДПА дека не се гледа крај на годинешната пожарна сезона, која беше поттикната од топлите и суви услови, за кои научниците велат дека се јасен резултат на климатските промени.

Тој рече дека пожари се уште беснеат на тревните полиња на југот на Русија, додека многу од пожарите што летово гореа низ огромни делови на Сибир се изгаснати, делумно затоа што на некое место почна да паѓа снег.

Најтешко погодена област е ретко населената република Јакутија во источен Сибир, на повеќе од 4.000 километри од Москва.

Пожарите се толку раширени што страдаа дури и луѓе кои не беа директно загрозени од пламенот, а стотици села и десетици градови низ Русија беа зафатени од чад.

Претседателот Владимир Путин минатиот месец рече дека големината на природната катастрофа е без преседан.

GoGoAnime: s-CRY-ed anime episode 26 online free at https://gogoanime.be death note gogoanime

Slayers Gorgeous (https://4anime.biz/m/J72p) Episode Full

TwistMoe: Macross F: Choujikuu Gekijou anime episode Full online free at https://twistmoe.net stream anime online

AnimeHeaven: Pokemon: Jirachi Wishmaker (Dub) anime episode Full online free at https://animeheaven.pro animeheaven attack on titan

Reddit: https://www.reddit.com/user/animeflixnl

Linktr: https://linktr.ee/Kissanimemx