October 29, 2020 00:07
Свет

Гренел: Манипулациите со ковид се нечуени, политичарите мислат дека Американците се глупави

„Политичарите сметаат дека Американците се глупави. Манипулацијата со ковид е нечуена. Јавноста мора да проговори”, објави Ричард Гренел на Твитер.

Гренел реагираше на наводите во медиумите во кои канцеларијата на градоначалникот на Нешвил и локалната здравствена служба се обвинети за прикривање податоци за пациенти со коронавирус, откако протекоа имејл пораки кои ги разменувале официјалните лица, пренесува Спутник.

Судејќи според содржината на електронската пошта, високиот советник на градоначалникот Џон Купер и службениците на одделот за здравство „се согласиле“ за тоа колку селективно треба да објавуваат информации во врска со случаи на инфекција со коронавирус, а коишто имаат врска со барови и ресторани во делот на градот кој е познат по својот ноќен живот.

Во најмалку два случаи во јуни и јули, официјалните лица, наводно, одлучиле да не откриваат конкретни бројки, што покажуваат дека релативно мал број случаи се поврзани со барови и ресторани, кои инаку се борат да преживеат откако биле затворени два месеци.