October 18, 2021 12:54
Балкан

Грвала: Тензијата на косовско-српската граница е еднострано предизвикана од Србија

Министерката за надворешни работи на Косово, Доника Грвала вели дека одлуката на косовската Влада за реципроцитет со Србија за регистерските таблички е во согласност со договорот што двете срани го потпишале во Брисел. Според соопштението на косовското МНР, Грвала на средбата со словенечкиот колега, Анже Логар, на маргините на седницата на Генералното собрание на ОН во Њујорк, изјавила дека „тензијата што се предизвика на косовско-српската граница треба да се гледа како еднострано дејствие на Србија”.

Грвала, се наведува во соопшението, побарала од Словенија, како актуелен претседавач на Претседателството на Советот на ЕУ, поддршка за унапредување на европската агенда на Косово, за што добила ветување од Логар.

Владата на Косово вчера почна да ја спроведува одлуката за задолжително опремување со времени таблички на возилата кои влегуваат од Србија преку косовските гранични премини. Времените таблички со ознаката РКС чинат пет евра и се со важност од 60 дена.

Оваа одлука предизвика протести на Србите во северно Косово, кои со патнички и други возила вчера и денеска го блокираа граничниот премиен Јариње, а уследија и остри реакции од офцијален Белград. Поради настанатата ситуација, српскиот претседател Александар Вучиќ за денеска свика вонредна седница на државниот Совет за безбедност, додека официјален Брисел ги повика Приштина и Белград да ги смират тензиите.

Website https://4anime.biz: Watch In The Beginning: The Bible Stories (Dub) 4anime Episode 9 my hero academia 4anime

Animepahe: Touch: Cross Road - Kaze no Yukue anime episode Full online free at https://animepahe.cc online anime

AnimeHeaven - Watch HD Anime Online Free | AnimeHeaven.pro

Website https://animekisa.in: Watch Genki Bakuhatsu Ganbaruger: Hyakka animekisa Episode Full animekisa

Lovesolutions431 xobor: http://lovesolutions431.xobor.com/u2935_gogoanimelol.html

Pubhtml5: https://pubhtml5.com/homepage/uxxm