December 6, 2022 22:13
Свет

Граѓани на Чешка за еден месец собраа средства за набавка на тенк како помош за Украина

Во Кампањата за собирање средства за помош на Украина покрената во Чешка се собрани доволно средства за купување модерен тенк „Т-72″, јави агенцијата ДПА.

За само околу еден месец Кампањата собрала 30 милиони чешки круни (1,2 милиони евра), велат организаторите. Средства донирале повеќе од 11 илјади луѓе.

Кампањата „Подарок за Путин” беше поддржана и од чешкото Министерство за одбрана и од украинската Амбасада во Прага.

Организаторите на кампањата тенкот купен за Украина со собраните пари го нарекоа „Томаш” по првиот претседател на Чехословачка Томаш Гариг Масарик.

Чешката министерка за одбрана Јана Чернохова им се заблагодари на сите кои учествуваа во кампањата и саркастично истакна дека на Путин му дале соодветен подарок за неговиот роденден на 7 октомври. Зборувајќи за Путин, таа го нарече агент на КГБ, убиец и болен човек.

Следниот чекор во кампањата е собирање пари за муниција за тенкот. Украинската Амбасада во Прага веќе примила донации од над 8,6 милиони евра.