April 20, 2021 18:46
Македонија

Граѓаните со бугарски пасош можат да се вакцинираат во Бугарија

Здружението Македонско-Бугарско пријателство (МБП) од Скопје порача дека македонските граѓани кои поседуваат бугарско државјанство и имаат намера да се вакцинираат против Ковид-19, тоа можат да го сторат преку бугарската веб-страна за регистрирација.

Претседателот на здружението, Добре Митрев нагласува дека заинтересираните можат да го одберат видот на вакцината, местото и времето за вакцинирање.

За вакцинација во Бугрија потребен е негативен тест издаден од овластените здравствени установи во Република Македонија, вели Митрев.